|
РАМКОВНИОТ ДОГОВОР НЕ ПОСТОИ !
/ Ставот е промовиран од претседателот на партијата на дебатата “Демитологизација на 2001“, организирана од Фондацијата Отворено општество на 20-21 јануари 2010 година, изнесен е и во “Актуелности“ на ТВ АТВ на 27.02.2010 година, како и на ТВ Сител во емисијата “Ние...“ на 28.02.2010 година, при што овој став е цензуриран и не и е емитуван на јавноста, а потоа е изнесен и на сите партиски промоции на локалните тв медиуми во државата / • Рамковниот договор не е мировен, тој е политички договор, него го потпишаа легални политички партии, а не завојувани страни ! • Република Македонија не е потписник, ниту пак тоа е ОНА. • Следствено, Македонија не беше поразена војнички, таа само под притисок на делови од меѓународната заедница претрпе колатерална штета во контекст на регионалните и глобалните случувања. • Рамковниот договор не постои, затоа што како политичкиот договор е преточен во Уставот, и формално правно престанал да постои. • Секое инсистирање, од било која партија потписник, или од било кои други структури внатре или однадвор за нови обврски на Република Македонија, преку негово толкување, е непочитување на Уставот. Во прилог следат стенограмите од изнесените ставови на претседателот на ВМРО-ДП во дебатата “Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“:
Владимир Голубовски:
Веднаш да констатирам, дека во однос на она што е основната поента на дебатата, демитологизацијата на 2001, таа всушност делумно веќе се оствари со рецензијата на книгите. Ја чувме вистината која била платформата и целите на ОНА. Реалната платформа и цели на ОНА се во книгите кои на оваа дебата беа исцрпно промовирани преку рецензентите, а во нив пишува дека во 2001 имавме војна за територии, а не за човекови права ! Излезе дека се друго кажано досега за тоа, било гола реторика, замајување на јавноста, говорење невистина и бегање од одговорноста на оние кои учествувале во институциите на власта за својата неспособност да ја бранат Македонија, уставниот поредок и територијалниот интегритет. |
|
|
|
Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи ? 
Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи и од малоумните закани да прави централно прашање на дневната политика ? Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и Косово, вели ќе паднеле преку ноќ двете граници, дека Македонија нема друга иднина освен да биде двонационална држава, бара вертикална употреба на албанскиот јазик, дводомен парламент. Пред камерите тој изјави дека не ги сака Македонците, не е лојален, не ја сака Македонија. Потоа, експресно од Тирана порача дека неговата партија и Албанците во Македонија се подготвени да формираат сеалбанска коалициона влада во Република Македонија. |
|
|
|
|
Колумна
|
|
Со промена на името ќе сме станеле дел од ЕУ и НАТО, па ќе потечело мед и млеко ... !?
Колку често сме присилени да ја слушаме оваа ноторна лага, според која доколку го смениме името, ќе завршел мачниот период на нашата транзиција, па со влезот во ЕУ и НАТО ќе завршеле сите наши проблеми, а ние среќни и весели ќе живееме во „Северна Македонија“ до крајот на нашите животи ... Зошто ваквите тези се лагa ? - Затоа што досега сите вакви сценарија се покажаа како проекти за разградување на Македонија, од оспорување на националниот идентитет до редефинирање на унитарниот карактер на државата. Прифативме се под притисок, но каде е светлата иднина која ни ја ветуваа, некои дури и ни ја “гарантираа“ ? – Резултатот од нашето неодговорно компромисерско однесување кон нашите национални интереси е поразителен и ако не се освестиме ќе заврши со наше сопствено самоукинување како народ ! |
|
|
|
Игнорирање на фактите за идентитетот
/Амбасадор Ристо Никовски/ Ако ја нема Република Македонија, другото е техника: за светот формално нема да има Македонци. Ни матична држава, за тие што живеат ширум светот. Така, се македонско станува грчко. Погрешно е тврдењето дека „спорот со Грција го тангира националниот идентитет (во смисла на идентитетот кој произлегува од врската меѓу граѓанинот и државата) а не етничкиот идентитет“. Политичката игра може да има и таков призвук, бидејќи целта е прикриена: незамисливо е денес некој да оспорува нечиј етнички идентитет. За жал, токму тоа е целта на Атина, а не државјанството на нашите граѓани, кое се доделува, одзема... Тоа е чисто техничко прашање, околу кое досега немало војни. Мора де се согледаат фактите дека на Грција не и пречи државата, туку народот. Ако нема (етнички) Македонци, ако нема македонски јазик... името (кое би симболизирало само географски регион) не би било некаков проблем. |
|
|
|